Кошаркарите на Минесота ги совладаа фаворитите Лос Анџелес Клиперс со 142:115 и со тоа ја прекинаа серијата од 13 последователни порази во НБА лигата.
Џејмс Меклахин ги предводеше „волците“ со 24 поени и 11 асистенции, Малик Бизли постигна 23 поени и 10 скокови, додека Карл-Ентони Таунс беше на асистенција од „трипл-дабл“ – 22 поени, 13 скокови и 9 асистенции.
Кај Клиперси, најдобри беа Каваи Леонард со 29 поени и Пол Џорџ со 21, но тоа небеше доволно да го избегнат високиот пораз.
Резултати во НБА
Орландо – Милвоки – 95: 112 Шарлот – Далас – 100: 116 Детроит – Њујорк – 92:95 Индијана – Њу Орлеанс – 117: 124 Торонто – Бруклин – 119: 118 Минесота – Л.А. Клиперс – 142: 115 Л.А. Лејкерс – Голден Стејт – 125: 120 Феникс – Денвер – 108: 117 Сакраменто – Сан Антонио – 122: 102