Кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс оствари нов трипл-дабл, петти оваа сезона во НБА лигата. Австралиецот ноќеска на средбата со Чикаго, постигна 19 поени, оствари 10 скока и 10 асистенции за 37 минути во победата на својот тим.
Резултати на натпреварите играни ноќта меѓу недела и понеделник:
Атланта – Њујорк 140:135 (по две продолженија) Филаделфија – Чикаго 118:111 Вашингтон – Мемфис 99:106 Хјустон – Јута 113:114 Кливледн – Лос Анџелес клиперс 92:133 Портланд – Мајами 115:109.
ЛА лејкерс се лидери на Запад со 39 победи и 12 порази, Во Источната конференција води Мајами со биланс 45-7.