Грчкиот кошаркар и член на „Милвоки Бакс“, Јанис Адетокунбо и неговата партнерка Мараја Ридлеспигер вчера станаа родители и го добија нивниот прв син

Популарниот „Greek Freak“, преку неговиот официјален „Твитер“ профил, со фановите сподели фотографија од бебето и откри дека ќе се вика Лиам Чарлс, јави дописничката на МИА од Атина.

Бебето го доби името по татко му на Јанис, кој почина во септември 2017.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 11:57