Враќањето на Стеф Кари во игра за Голден Стејт се приближува.
Тренерот на „воините“, Стив Кер призна дека ѕвездата на тимот „прави сè повеќе и повеќе работи“, а последната од нив била учество во тренинзи на цел терен, заедно со другите играчи, но без никаква одбрана.
Следниот важен датум за Кари оваа сезона е 1 март, кога тој ќе биде прегледан од специјалист, откако на почетокот на кампањата доби скршеница на раката.
– Тој веќе е вклучен во некои наши не-контакти активности, играјќи во офанзивни ситуации. Ќе имаме повеќе информации наскоро. Но, досега се чини дека се одвива добро, и тој работи на подобрување на неговата кондиција, рече Кер, цитиран од „Атлетик“.
„Воините“ имаат најлош скор во НБА оваа сезона – 12 победи и 43 порази.