Бостон ги совлада гостите Л.А. Клиперс со 141-133 по две продолженија во дуел од регуларната сезона во НБА.
По 48 минути, дуелот заврши 114:114, при што Кемба Вокер испушти на домаќините да им ја донесе победата со сирената.
Пп првото продолжение повторно немаше победник – 127: 127, со тоа што Бостон повторно го имаше последниот напад, но Џејсон Тејтум не успеа да постигне кош на 1,8 секунди пред крајот.
Во второто продолжение домаќините направија серија од 9:2 и поведоа со 141:132, што се покажа како клучно.
Тејтум заврши со 39 поени и 9 асистенции за победниците,
Маркус Стјуарт додаде 31 поен, а Гордон Хејворд имаше 21 поен и 13 скокови. Бостон забележа осми успех во последните десет натпревари.
За Клиперси најдобар беше Лу Вилијамс со 35 поени, 8 асистенции и 6 скокови. Каваи Ленард додаде 28 поени и 11 скокови, а гостите запишаа втор последователен пораз.
Во вториот меч за вечерта, Оклахома Сити победи на гостувањето кај Њу Орлеанс со 123:118, а најзаслужен за неа беше Данило Галинари, кој реализираше 29 поени.
Зајон Вилијамсон постигна 32 поени за домаќините, но тоа не беше доволно.
Пласман во НБА:
Источна конференција:
Атлантска Дивизија: Торонто 40 победи / 15 порази, Бостон 38/16, Филаделфија 34/21 Централна дивизија: Милвоки 46/8, Индијана 32/23, Чикаго 19/36 Југоисточна дивизија: Мајами 35/19, Орландо 24/31, Вашингтон 20/33
Западна конференција:
Северозападна дивизија: Денвер 38/17, Јута 36/18, Оклахома Сити 33/22 Пацифик дивизија: Лос Анџелес Лејкерс 41/12, Лос Анџелес Клиперс 37/18, Феникс 22/33 Југозападна дивизија: Хјустон 34/20, Далас 33/22, Мемфис 28/26