Бади Хилд од екипата на Сакраменто победи во натпреварот во шутирање тројки во рамки на НБА Ол стар викендот во Чикаго. Во финалето, тој имаше помирна рака од Девин Букер и Давис Бертранс.

Хилд и Букер имаа по 27 погодени тројки, па минаа на финална серија удари во која играчот на кингси беше попрецизен за една топка (27:26).

– Го слушнав спикерот кога рече дека имам 25 прецизни шута. Знаев дека Девин погоди 26 и бев свесен дека мора да го престигнам, макар за една погодена тројка. Ја задржав концентрацијата, се насочив во намерата и успеав, рече Хилд кој победата ја посвети на неговите сонародници од Бахамите кои лани беа погодени од силниот ураган „Доријан“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2020 11:22