Кошаркарот на ЛА клиперс, Каваи Леонард по Ол-стар натпреварот во НБА, изјави дека е благодарен на Коби Брајант. Каваи е прогласен за најкорисен играч и е првиот што ја доби наградата МВП именувана по Коби.
- Едноставно немам зборови. Сакам да му се заблагодарам на Коби за сè што направи за мене. За сите долги разговори и обука. Ти благодарам. Ова е за него.
Екипата на Леброн Џејмс ја совлада екипата на Јанис Адетокунбо со 157:155. Ленард беше најефикасниот со 30 поени.
Коби Брајант го загуби животот на 41 година во хеликоптерска несреќа. Заедно со него, почина неговата ќерка Џиана и уште седум лица. Брајант беше петкратен НБА шампион со Лејкерс и еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката.