Во текот на изминатите три дена во рамки на преземените мерки и активности од страна на СВР Скопје четири возачи се исклучени од сообраќај затоа што управувале возила под дејство на алкохол, друг возач управувал возило без да се стекне со право на управување на моторно возило и едно возило бидејќи било нерегистрирано.

Од СВР Скопје денеска информираа дека се санкционирани и три возачи поради поминување на крстосница на црвено светло.

Во текот на изминатите денови 125 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2020 12:48