Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против разбојник од Неготино кој од казино со закана со нож одзел над 5.000 евра. Дваесет и четиригодишниот неготинчанец е во притвор и се бара негово продолжување поради опасност од бегство.

Како што соопшти ЈО, на 26 декември 2019 година, неготинчанецот околу 8 часот со маска на глaвата влегол од споредниот заден влез во казино во Неготино. Притоа со нож се заканил на оштетениот – вработен, барајќи да му бидат дадени парите од казиното. Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде се наоѓале парите, при што обвинетиот ја отворил касата и ги зел парите во износ од 324.700 денари.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес до судот во Велес доставил предлог за продолжување на мерката притвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2020 22:20