Легендарниот кошаркар на Далас, Дирк Новицки, се надева дека новата ѕвезда на Маверикс, Лука Дончиќ, целата своја кариера ќе ја помине во тимот.
- Уживам да ја гледам играта на Лука Дончиќ на 20-годишна возраст. Се надевам дека тој ја поминува целата своја кариера во Далас. Лука е сè уште многу млад. Се надевам дека еден ден ќе ја донесе шампионската титула, изјави Новицки.
Дончиќ е во Далас од 2018 година. Претходно три години беше дел од Реал Мадрид со кого има два трофеја во шпанскиот шампионат. з