Кошаркарската федерација на Македонија ја исплати премијата во висина од 750.000 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот во квалификациите за ЕП 2021 година

КФМ сака да ја информира јавноста дека, средствата утврдени за премии, ветени од страна на претходното раководство на федерацијата, се реализирани од страна на новиот раководен тим на КФМ. Финансиските надоместоци веќе се префрлени на сметките на кошаркарите кои на Македонија и донесоа учество во квалификацискиот циклус на едно големо натпреварување, преку кое очекуваме враќање на македонската репрезентативна кошарка онаму каде што и е местото, на горните позиции, стои во соопштението на федерацијата.

Во КФМ се надеваат дека ова ќе биде само еден дополнителен стимул на членовите на македонскиот национален тим, пред почетокот на квалификациите за Евробаскетот 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2020 15:49