Европскиот кошаркарски шампион Словенија со пораз ги почна квалификациите за континенталниот турнир во 2021 година. Унгарија во Шомбатели ги совлада „змајчеки“ со 77:75 (по четвртини: 16:16, 16:20, 17:18, 28:21). Иако Словенците вечерва беа посилни за Американецот Џордан Морган, сепак, се „лизнаа’ на теренот на селекцијата која на последното ЕП го освои 16-то место. Јака Блажич со 18 коша и Морган со 16 беа најефикасени словенечки кошаркари додека лидери во победничкиот тим беа Ален Роско со 16 поени и Давид Војвода со 15 кон кои додаде и седум скока.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2020 00:19