Кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг ќе бид еподложен на операција на десното рамо и ќе го пропушти остатокот од НБА сезоната 2019/20.
Одлуката е донесена по посетата на специјалист од страна на Ирвинг во изминатите неколку дена.
Ирвинг претходно пропушти 26 натпревари од тековната регуларна сезона поради проблеми со рамото, но се врати во средината на јануари.
Во дебитантската сезона за Нетс, Ирвинг одигра 20 натпревари постигнувајќи 27,4 поени, 5,2 скока и 6,4 асистенции во просек по натпревар.