Паралелно со квалификациите за Европското првенство во кошарка во 2021 година, почнаа квалификациите и за Азискиот кошаркарски куп од каде стигнува неверојатен резултат.

Тајван ја победи Малезија со 152:48 (по четвртини: 27:18, 37:14, 44:8, 44:8). Најефикасен беше домашниот кошаркар Жен Хуанг кој постигна вкупно 58 поени, десет повеќе од целата противничка селекција.

Вториот меч во групата меѓу Кина и Јапонија беше одложен поради епидемијата на корона-вирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2020 22:30