Л.А. Лејкерс ќе го ослободи повредениот центар Демаркус Казнс, пренесуваат американските медиуми. Целта на „езерџиите“ е да се ослободи простор за крилото Маркиф Морис, кој се договорил со Детроит, неговиот договор со Пистонс да биде раскинат.

Казнс, кој страда од сериозни повреди во последните години, во моментов се опоравува од тешка повреда на коленото. Тој беше повреден во август и најверојатно нема да влезе во игра оваа сезона.

Лејкерс се лидери во пласманот цо Западната конференција со 42 победи и 12 порази. Само лидерот на Истокот – Милвоки Бакс (47-8) е подобар во НБА.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2020 16:19