Торонто репторс поставија нов клупски рекорд совладувајќи ја Индијана со разлика од 46 поени (127:81). Ова е најголемата победа во клупската историја на актуелниот НБА шампион.

Претходниот рекорд изнесуваше 44 поени и беше поставен на натпреварот против Атланта на 3 декември 2016 година.

Ова е четврти натпревар во историјата на Торонто на кој канадскиот тим го совлада противникот со разлика од 40 или повеќе поени.

Резултати на натпреварите во НБА лигата играни ноќта недела кон понеделник: Денвер – Минесота 128:116 Торонто – Индијана 127:81 Чикаго – Вашингтон 126:117 Оклахома – Сан Антонио 131:103 Голден Стејт – Њу Орлеанс 101:115 Портланд – Детроит 107:104.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2020 10:48