Европската кошаркарска федерација ФИБА – Европа ги одреди петте најдобри играчи во второто коло од квалификациите за Европското првенство 2021 година.

Во идеалната петорка на ФИБА се најдоа:

Тадеус Мекфејден (Грузија) 33 поени, 7 асистенции, 53% на реализација – индекс – 31

Џонатан Табу (Белгија) 22 поена, 8 скока, 7 асистенции – индекс – 30

Витали Фридзон (Русија) 23 поени, 7 скока, 4 асистенции – индекс – 29

Еимантас Бендзиус (Литванија) 26 поени, 6/9 за три поени, 4 скока – индекс – 29

Гиорги Шермандини (Грузија) 23 поени, 11 скока, 64% реализација од поле – индекс – 29.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2020 13:25