Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, ќе го пропушти утрешниот натпревар на гостински терен против Голден Стејт.

Триесет и петгодишниот Леброн има болки во препоните и стручниот штаб на Лејкерс одлучи да му даде одмор.

Првата ѕвезда на „езерџиите“ во вторникот играше против Њу Орлеанс пеликанс и постигна 40 поени, што беше неговиот најдобар резултат во тековната сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2020 11:39