Лос Анџелес Лејкерс го совладаа шампионот Голден Стејт со 116:86 во локалниот судир во Калифорнија.
Најдобриот тим од Западната конференција пристигна во Сан Франциско без Леброн Џејмс и по неубедливото прво полувреме (54:52) во второто, тие го „исчистија“ теренот со „воините“. Лејкерси го добија третиот период со 40:17 и со тоа го решија натпреварот.
Ентони Дејвис беше најефикасен со 23 поени, Кајл Кузма додаде 18, додека Двајт Хауард реализираше 13.
„Воините“, кои играа без Дрејмонд Грин од средината на втората четвртина откако беше исклучен, ги предводеа Ерик Паскал со 23 поени, Џордан Пул со 16 и 8 асистенции и Демиан Ли со 15.
Вориорс се најлошиот тим во лигата, а добра вест за нивните навивачи ќе биде враќањето на теренот на Стеф Кари. Стрелецот ќе биде во тимот во недела во мечот против Феникс.
Резултати од НБА:
Филаделфија – Њујорк 115: 106 Индијана – Портланд 106: 100 Оклахома – Сакраменто 112: 108 Голден Стејт – Л.А. Лејкерс 86: 116