Кошаркарскиот тим на Лос Анџелес Клиперс славеше над Денвер Нагетс со 132: 103 во меч од регуларната сезона на НБА.

Нагетси беа преслушани од домашниот тим и добро ќе ја запомнат оваа лекција.

Од стартот на натпреварот, Пол Џорџ и Каваи Ленард јасно ставија до знаење дека на Денвер нема да му биде лесно, а во продолжението на мечот Клиперси продолжија со доминацијата, кои во второт дел го удвоија водството за конечен и убедлив триумф на нивен терен.

Тие рутински го обработија остатокот од мечот и славеа во дербито на Западната конференција.

Клиперси славеа со помош на 24 поени од Пол Џорџ и 19 поени на Каваи Ленард, Ивица Зубац постигна десет.

За поразениот тим, Никола Јокиќ имаше 21 поен, со девет скока и две асистенции.

Резултати во НБА:

Орландо – Минесота 136: 125 Атланта – Бруклин 141: 118 Торонто – Шарлот 96:99 Мајами – Далас 126: 118 Мемфис – Сакраменто 101: 104 Милвоки – Оклахома Сити 133: 86 Њу Орлеанс – Кливленд 116: 104 Феникс – Детроит 111: 113 Јута – Вашингтон 129: 119 Лос Анџелес Клиперс – Денвер 132: 103

Лидери во одделни дивизии

Источна конференција Атлантска Дивизија: Торонто – 42 победи, 17 порази Централна дивизија: Милвоки – 51/8 Југоисточна дивизија: Мајами- 37/22

Западна конференција Северозападна дивизија: Денвер – 40/19 Југозападна дивизија: Хјустон – 38/20 Пацифик дивизија: Лос Анџелес Лејкерс – 45/12



Автор: Администратор
Објавено на: 29/02/2020 12:09