Тимот на Л.А.Лејкерс го победи Њу Орлеанс Пеликанс со 122:114 во натпревар од НБА.

Двете екипи разменија по една четвртина, па тимот од Калифорнија замина со предност од два коша на паузата – 63:61. „Пеликаните“, сепак, ја освоија третата четвртина со четири поени разлики и влегоа во последната четвртина со кревко водство, но во неа отстапија пред најдобриот тим на Западот.

Над сите беше нивната sвезда, Леброн Џејмс, кој продолжува да зачудува во својата 17-та сезона во лигата. „Кралот“ заврши со „трипл-дабл“ – 34 поени, 12 скока и 13 асистенции. Кајл Кузма додаде 20 за успехот.

За домаќините, дебитантот Зајон Вилијамсон заврши со најголемо достигнување во својата НБА кариера – 35 поени и 7 скока, но неговите напори се покажаа како недоволни за ништо повеќе од една чесна загуба на Њу Орлеанс.

Тимот е на деветтото место во Западната конференција, каде лидери продолжуваат да бидат Лејкерси. На следните натпревари Пеликанс на домашен терен ги пречекуваат Минесота Тимбервулвс, додека Лејкерси се домаќини на Филаделфија 76-ерс.

Резултати од НБА:

Шарлот – Милвоки 85:93 Минесота-Далас 91: 111 Лос Анџелес Клиперс-Филаделфија 136: 130 Денвер-Торонто 133: 118 Сакраменто-Детроит 106: 100 Њу Орлеанс-Лос Анџелес Лејкерс 114: 122 Голден Стејт-Вашингтон 110: 124



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2020 11:28