Американецот Џабари Хиндс повеќе не е играч на МЗТ Скопје. Управата на клубот се реши на таков потег поради негово, како што е објавено на сајтот на аеродромци, неспортско однесување и омаловажување на клубот и на македонската кошарка во целост.

– Плејмејкерот ја почна добро сезоната, потоа од натпревар во натпревар беше сѐ полош, за последниот период да се однесува онака како што не му доликува на еден професионалец, се вели во соопштението на МЗТ Скопје

Американецот почна да го троши трпението на клупското раководство со неговото, како што велат од македонскиот првак, отворено потценување на домашното првенство и гласното негодување секогаш кога требаше да настапи на мечевите од Првата лига.

Хиндс, потенцираат аеродромци, на последните пет средби на домашна сцена постигна вкупно 20 поени или четири во просек по натпревар. Покрај горенаведеното, на Американецот му се забележувало и на повеќекратните уживања во ноќниот живот на ден пред средбите.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2020 22:06