Фановите на Денвер беа непријатно изненадени откако нивниот тим доживеа пораз дома од актуелниот шампион и годинава најслабиот тим во НБА, Голден стејт со 116-100.
Интересно е што синоќешните победи главно ги однесоа гостинските екипи, а само Лејкерс и Сакраменто славеа на свој терен.
Иако беа аутсајдери, кошаркарите на Голден Стејт одлично го почнаа натпреварот и го презедоа водството на стартот.
На средина на натпреварот, Денвер успеа да направи пресврт, па дури и да дојде до двоцифрена предност, но на крајот од мечот гостите повторно ја преземаа иницијативата и со нов пресврт дојдоа до убедлива победа од 116: 100.
Победничкиот тим го предводеа Ендру Вигинс и Ерик Паскал со по 22 поени и пет скока, а Вигинс имаше плус 10 асистенции за „дабл-дабл“ учинок.
„Дабл-дабл“ имаше и Никола Јокиќ во поразениот тим, но тоа е мала утеха и за него и за Денвер, што беше нивни втор пораз на последните три натпревари. Јокиќ го заврши натпреварот со 16 поени и 13 скока и имаше седум асистенции.
Поефикасни од него беа Вил Бартон и Пол Милсап со по 18 поени.
Денвер во моментов е трет во Западната конференција, додека Голден Стејт останува на дното.
Резултати од НБА:
Шарлот – Сан Антонио – 103: 104 Бостон – Бруклин – 120: 129 по продолжение Њу Орлеанс – Минесота – 134: 139 Оклахома Сити – Л.А. Клиперс – 94: 109 Денвер – Голден Стејт – 100: 116 Феникс – Торонто – 114: 123 Л.А. Лејкерс – Филаделфија – 120: 107 Сакраменто – Вашингтон – 133: 126