Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Турција, Хидает Туркоглу изарзи незадоволство кон Евролигата за одлуката мечот меѓу Дарушафака и Виртус да се игра во Белград.

„Одлуката на Евролига за мечот меѓу Дарушафака и Виртус да се игра во Белград е големо разочарување“, рече легендарниот турски кошаркар.

Мечот првично беше закажан на 5 март во Истанбул, но е суспендиран поради коронавирусот и преместен во Белград.

„Оваа одлука на Евролигата е спротивна на вредностите и духот на играта“, додаде Туркоглу.

Во образложение на својот револт, тој истакна дека членовите на Виртус, како тренерот Александар Ѓорѓевиќ и играчите Милош Теодосиќ и Стефан Марковиќ се Срби што го оценува како неповолен момент по турскиот клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2020 20:55