Кошаркарот на Морнар, Урош Луковиќ е прогласен за најкорисен играч во АБА лигата за месец февруари.
Поранешниот член на МЗТ Скопје дојде до признанието низ само еден одигран меч во кој мина 24 минути на паркетот.
Играше повреден во победата против Црвена звезда во која учествуваше со 23 поени, осум скока и шест блокади што му донесоа индекс на корисност од 38.
Тимот на Морнар моментно е петти на табелата во регионалното кошаркарско натпреварување со скор од 12 победи и осум порази, колку што имаат и Цедевита и Приморска со кои се бори за место во плејофот.