Бекот на Далас, Лука Дончиќ го сруши клупскиот рекорд по уште еден „трипл-дабл“, а Маверикс го совлада Њу Орлеанс Пеликанс со 127:123 по продолжение во меч од регуларната сезона во НБА.

Словенецот заврши со 30 поени, 17 скокови и 10 асистенции, запишувајќи го својот 22-ри „трипл-дабл“ и со тоа го надмина постигнувањето на Џејсон Кид.

Кристапс Порзингис постигна 34 поени и 12 скока за триумфот на тимот од Тексас. Брендон Инграм постигна 27 поени за „пеликаните“, Лонзо Бол додаде 25, а Зајон Вилијамсон се истакна со 21.

Ниту еден тим не успеа да поведе со повеќе од 3 поени во последната четвртина и додаденото време пред Дончиќ да го пронајде Порзингис во самиот финиш и тој да забие на 49 секунди до сирената, давајќи му на тимот предност од 4, што се покажа како одлучувачки.

Претходно, Италијанецот Николо Мели го испрати натпреварот во продолжение со тројка во последните секунди, откако ги промаши претходните 6 обиди од далечина.

Кошаркарите на Далас забележаа и 11 блокади пред паузата, завршувајќи со 13 на дуелот, со по 5 запишани од Порзингис и Макси Клебер. Победниците се на 7-то место на Западот со биланс од 38-25, а Њу Орлеанс се спуштија на 11-тото место, губејќи ги своите последните 3 натпревари и се со скор 26-36.

Други резултати:

Кливленд – Бостон 106: 112 Детроит – Оклахома Сити 107: 114 Мајами – Орландо 116: 113 Бруклин – Мемфис 79: 118 Њујорк – Јута 104: 112 Минесота – Чикаго 115: 108 Портланд – Вашингтон 125: 104 .



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2020 11:09