ЦСКА Москва стана петтиот тим во плејофот во кошаркарската Евролига, откако Русите победија со јасни 97:66 (32:22, 16:16, 17:13, 32:15) против Панатинаикос во Атина. Така, московјаните се приклучија на елитното друштво на Анадолија Ефес Истанбул, Реал Мадрид, Барселона и Макаби Тел Авив, кои веќе имаат квотиа за елиминации.
Минатогодишните шампиони го надиграаа ПАО во првата четвртина и не само што не го загубија водството до крајот, туку и го зголемија за 31 поен. Дарен Хилиард беше прв стрелец со 21 поен по пет тројки, а Мајк Џејмс постигна 18 против својот поранешен клуб. Кајл Хајнс го заврши натпреварот со 13 поени и осум скокови, а тројца негови соиграчи беа со двоцифрени индикатори по последната сирена.
Дешон Томас има постигнато 12 поени за ПАО, кои загубија шест од последните седум натпревари и имаат скор 14/14. ЦСКА Москва е со 19/9.
Натпревари од 28 коло во редовната сезона од машката кошаркарска Евролига:
Зенит Санкт Петербург (Русија) – Жалгирис Каунас (Литванија) – 76:75 Панатинаикос (Грција) – ЦСКА Москва (Русија) – 66:97 Реал Мадрид (Шпанија) – АСВЕЛ Лион (Франција) – 87:78 Валенсија (Шпанија) – Армани Милано (Италија) – 81:83
подоцна денес: Химки (Русија) – Фенербахче (Турција) Анадолу Ефес (Турција) – Олимпијакос (Грција) Црвена звезда (Србија) – Макаби Тел Авив (Израел) Барселона (Шпанија) – Баерн Минхен (Германија) Баскија (Шпанија) – Алба Берлин (Германија)