Раководството на Л.А. Лејкерс постигна договор со слободниот агент Дион Вејтерс, според новинарот на Атлетик, Шемс Чаранија.

Договорот ќе го задржи бекот до крајот на сезоната со екипата на „езерџиите“ кои го ослободија Трој Даниелс за да има место во составот.

Оваа сезона не е розова за Вејтерс. 28-годишниот стрелец ги прекрши правилата за добро однесување три пати додека беше со тимот на Мајами Хит. Ова беше проследено со трансфер во Мемфис, каде раководството не сакаше да го задржи, оставајќи го играчот без тим.

Вејтерс во просек имаат 13,2 поени на 41 отсто прецизност шут од поле на 412 натпревари во неговата НБА кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2020 14:29