Леброн Џејмс дигна глас против евентуалната одлука на НБА за натпревари пред празни трибини, како мерка за заштита од ширењето на новиот коронавирус. Ѕвездата на Лејкерси во тој случај порача дека нема да игра.

– Да играме натпревари без публика? Па, тоа е невозможно. Играме за нив. Ако влезам во празна сала, јас нема да играм, а тие може да прават што сакаат, порача Џејмс по мечот со Милвоки.

„Езрџиите“ пред мечот добија допис од канцелацијата на НБА, низ целиот „Стејплс Центар“ поставија станици за дезинфекција на раце и ги чекаат наредните препораки од надлежните. Ниту еден тим не смее на своја рака да одлучи да игра пред празни трибини, туку тоа е одлука на раководството на НБА што ќе мора да се почитува во случај да биде донесена.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2020 14:07