Командантот на Иранската револуциионерна гарда Фархад Дабиријан загина во Сирија, јави денеска иранската новинска агенција Фарс, без да наведе детали.

И Сириската опсерваторија за човекови права објави за смртта на Дабиријан, посочувајќи дека тој е убиен на подрачјето Сајид Заинаба, јужно од Дамаск. Агенцијата Фарс, која е блиска до Револуционерната гарда, го опиша Дабријан како „бранител на светилиштето Сајид Заинаба, свето место за шиитските муслимани, што се наоша јужно од Дамаск и како поранешен командант на стражата во Палмира, древен град во централна Сирија.

Група гардисти и шиити од други држави, вклучително Пакистан, Авганистан, Ирак и Либан се борат на страната на сирискиот претседател Башар ал Асад во деветгодишната војна во Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2020 15:05