Мажот кој беше позитивен на новиот коронавирус откако патувал во Италија, е отпуштен од болница во Москва откако оздравел, јавија локалните медиуми.

Според московскиот градоначалник Сергеј Собјанин, лекарите на 2 март потврдија дека еден жител на Москва е позитивен на новиот коронавирус откако престојувал во Италија.

Заменичката на градоначалникот Анастасија Ракова вчера изјави дека пациентот оздравел и наскоро ќе биде отпуштен од болница.

Смртоносниот вирус кој предизвикува пневмонија наречен Ковид-19 се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на декември минатата година. Светската здравствена организација (СЗО) избувнувањето на коронавирусот го прогласи за меѓународна вонредна здравствена состојба.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2020 16:29