Леброн Џејмс влезе во историјата на НБА лигата како трет кошаркар кој успеал да ја пробие границата од 34.000 поени.
Ѕвездата на лејкерси го стори тоа во триумфот над Милвоки со 113:103 и по седум години ги одведе „жолто-сините“ до плејофот.
Над 34.000 коша во кариерата досега постигнаа само Карим Абдул Џабар (38.387) и Карл Мелоун (36.928).