Кошаркарите на Мемфис ја совладаа Атланта 118:101 и успешно ја чуваат позицијата која обезбедува настап во плејофот во НБА лигата.

Предводник на „гризлите“ беше Јонас Валанчијунас со дабл-дабл ефект (27 поени, 17 скока, три блокади), Џо Морент учествуваше во триумфот со 24 коша, пет скока и шест асистенции.

Најистакнат поединец во поразената екипа беше Џон Колинс со 27 поени и осум скока.

НБА лига, резултати

Мемфис – Атланта 118:101

Детроит – Јута 105:111

Кливленд – Денвер 104:102

Голден Стејт – Филаделфија 118:114

Портланд – Сакраменто 111:123



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2020 14:04