Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен пред почетокот на денешните разговори со претседателот Реџеп Таип Ердоган во Брисел изјави дека Турција мора да ги одалечи бегалците и мигрантите од грчката граница, јавија британските медиуми.

-Доколку се најде решение за оваа ситуација ќе биде олеснување за притисокот што сега е врз границата, рече Фон дер Лејен на прес-конференција во понеделникот.

Таа рече дека е потребно веднаш да се обезбеди правото на азил, поддршка и за Турција и за Грција, како и придвижување на луѓето – особено малолетни лица, заробени на грчките острови, кон континентална Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2020 13:57