Натпреварот од 22-то коло од АБА Лига 2 помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Ловќен ќе се игра пред празни трибини, со цел да се спречи ширењето на КОВИД-19.

Одлуката да се игра пред празни трибини во арената „Јане Сандански“, е донесена откако Владата на Северна Македонија ги забрани сите масовни јавни настани со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Бидејќи инфекцијата со коронавирус е присутна во повеќето земји, учеснички во АБА-лигата и во согласност со препораките на надлежните министерства на соодветните земји, АБА-лига ги извести сите свои клубови во врска со чекорите што треба да се преземат во однос по ова прашање

Во исто време, АБА-лигата ги повикува сите учесници и навивачи во арените строго да се придржуваат кон упатствата, издадени од Светската здравствена организација и релевантните државни служби со цел заштита и спречување на понатамошно ширење на коронавирусот.

– Високото ниво на совест, комуникација и координирана работа се од витално значење во овој момент. АБА-лига, како и секогаш, внимателно ќе ги следи случувањата во оваа област и во договор со клубовите ќе направи дополнителни соодветни чекори, пишува на сајтот на регионалната лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2020 23:30