Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс може да го пропушти натпреварот со Бруклин во вторник поради повреда на бутните мускули.

Учеството на Џејмс на средбата е доведено во прашање.

Џејмс и претходно во тековната сезона поради проблеми со препоните пропушти неколку натпревари. Неговиот сегашен учинок е 25,7 поени, 7,8 скокови и 10,6 асистенции во просек по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2020 11:58