Австралија претстави пакет медицински услуги вредни 2,4 милијарди австралиски долари (1,56 милијарди американски долари) за борба со новиот коронавирус.

Пакетот вклучува мерки за отворање клиники за брзо тестирање пациенти и бесплатни услуги како и широка медиумска кампања.

Економските мерки за намалување на последиците од епидемијата ќе бидат објавени во текот на оваа недела, најавија од кабинетот на премиерот.

За луѓето кои се под карантин и ранливи групи ќе биде овозможен пристап до лекување во домовите. Австралија ја прошири забраната за патување од и до Италија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2020 10:33