НБА лигата и официјално ја прекина сезоната 2019/20, откако играчот на Јута, Руди Гобер беше позитивен на коронавирусот.

Натпреварот Оклахома – Јута предвиден да се игра ноќеска беше одложен во последен момент по веста за Гобер. Французинот не беше присутен во арената.

Нешто подоцна раководството на најсилната светска кошаркарска лига реши да ја стави сезоната во мирување.

На средбите одиграни ноќеска постигнати се следниве резултати: Филаделфија – Детроит 124:106 Атланта – Њујорк 131:136 (по продолжение) Мајами – Шарлот 98:109 Далас – Денвер 113:97.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2020 10:33