Кошаркарот на Голден стејт, Стивен Кари упати апел до навивачите во врска со суспензијата на регуларната сезона во НБА 2019/20 поради пандемијата на коронавирус.

– Нешто не е во ред во 2020. Јас дури и не знам со што да споредам ова што се случува. Само зацврстете го безбедносниот ремен, водете сметка за себе и вашите најблиски. Кошарката еден ден ќе се врати. Сега, грижете се за себе, изјави кари.

За потсетување, раководството на НБА лигата денеска донесе одлука за прекин на сезоната, откако се дозна дека играчот на Јута, Руди Гобер бил заразен со коронавирус. Позитивен на вирусот е и соиграчот на Гобер, Емануел Мудиј. з



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2020 14:06