Треј Томпкинс (29) е заразениот кошаркар на Реал Мадрид со Ковид-19. Шпанските медиуми во текот на денот ја објавија веста за присуство на коронавирус во кошаркарската секција на „кралевите“, а сега е откриено и за кого станува збор.

Томпкинс е член на Реал Мадрид од 2015 година и од тогаш со „кралскиот клуб“ ги освојуваше титулите во Евролигата и во шампионатот на Шпанија. Игра на позицијата крилен центар, а кариерата ја започна во Лос Анџелес Клиперс, кој го избра како 37 пик на драфтот во НБА лигата во 2011 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2020 23:03