Бекот на Јута, Донован Мичел е вториот кошаркар на „џезерите“ кој е позитивен на коронавирус по Руди Гобер.

Францускиот центар ноќеска беше првиот позитивен играч во НБА лигата. По веста за неговиот позитивен тест, беше одложен натпреварот меѓу Јута и Оклахома, а кратко потоа беше донесена одлука за суспендирање на сезоната.

Гобер невнимателно се пошегува за време на прес-конференција пред неколку дена, кога намерно ги допираше микрофоните на новинарите. Се шпекулира дека токму со тој потег, Гобер се заразил со Ковид-19 и му го пренел на Мичел.

Адријан Војнаровски, новинар на ЕСПН, го коментира мислењето на кошаркарите на Јута за однесувањето на Гобер.

– Играчите на Јута во приватни разговори рекоа дека Гобер невнимателно се однесувал во соблекувалната, допирајќи ги колегите и нивните работи. Сега еден негов соиграч е позитивен на коронавирус, наведе Војнаровски.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2020 23:19