Поранешниот играч на НБА, Ричард Џеферсон му оддаде почит на ветеранот од Атланта Винс Картер, откако 43-годишниот дефанзивец изјави дека ќе ја заврши кариерата оваа година.

– Она што Стеф Кари го стори со ударите за три поени, Картер го направи со забивањата. Го направи натпреварот во забивање кул. И ако го одигра твојот последен натпревар, тогаш би сакал да ти се заблагодарам за сите возбудувања што ги донесете за време на натпреварите, изјави Џеферсон.

Сезоната во НБА е прекината поради коронавирус. Натпреварот против Никс во средата може да биде последен во кариерате на Картер.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2020 01:28