Управата на кошаркарскиот клуб Олимпијакос од Атина им дозволи на своите играчи од странство да ја напуштат Грција поради прекин на сезоната во Евролигата, како резултат на избувнување на коронавирус, пренесе „Еурохопс“.

На играчите на Олимпијакос им беше дозволено да ја напуштат локацијата на тимот и да се вратат дома до понатамошно известување, бидејќи натпревари и тренинзи нема да се одржат наредните неколку недели.

Олимпијакос стана вториот тим во Евролигата по Жалгирис, кој ги ослободи своите играчи.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2020 00:02