Сопственици и лидери на клубовите во НБА лигата веруваат дека во најдобар случај, сезоната ќе продолжи во средината на јуни со празни трибини, објави инсајдерот Адријан Војнаровски.

Вчера, американските центри за контрола и спречување на болести објавија ажуриран водич за масовни настани, препорачувајќи им на сите организатори да ги откажат или одложат настаните со 50 или повеќе лица, за следните осум недели.

На 11 март, НБА лигата ја објави суспензијата на сезоната најмалку 30 дена поради откривањето на коронавирусот кај кошаркарот на Јута, Руди Гобер. Подоцна, тестовите на соиграчот на Гобер, Донован Мичел и центарот на Детроит, Кристијан Вуд дадоа позитивен резултат.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2020 10:33