Мајк Џејмс, еден од најдобрите кошаркари на московска ЦСКА, се наоѓа во изолација поради коронавирусот.

– Мајк Џејмс е во карантин и под постојан надзор на нашите лекари, потврди Андреј Ватутин, претседател на „армејците“.

Американскиот плејмејкер беше на вечера со колегите од Локомотив од Кубан по нивниот меч против естонски Калев во регионалната ВТБ лига, чиј асистент тренер е заразен со Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2020 21:27