Том Брејди ги смени Њу Ингланд со Тампа Беј, откако доби договор за 2 години,споредкој ќе добие 60 милиони долари. Приордно, во оваа цифра не влегуваат и бонусите.

Со пристигнувањето на Брејди, локалната економија ќе оживее – тоа е „цената“ да имаш вистинска легенда во својот состав. Во целата своја историја, Тампа Беј има едвај 6 победи во плејофот, а Брејди има толку шампионски прстени.

Сепак Тампа може да се пофали со еден „Супербол“ – во сезоната 2002, точно меѓу првите три на Том, освоени меѓу 2001 и 2004 година.

Пред неколку дена новиот тим на легендарниот квотербек пушти во продажба сезонски билети, кои беа по прифатливи цени – најлошите места се продаваат за 350 до 700 долари, а најскапите од 1.600 до 3.500. Во нив не влегуваат ложите.

По веста за доаѓањето на Брејди, нештата се променија од корен. Се очекува раст при продажбата на билети, како и во нивната цена. А тимот, кој ретко успевал да ги продаде овие карти, веќе има листа на чекање – за неколку часови, барањата го надминаа за 10 илјади капацитетот, пуштен за сопственици на сезонски билети.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2020 23:09