Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ попладнево го победи Шпанецот Карлос Алкараз со 4:6, 6:4, 6:3 и 6:4 во четвртфиналето на Австралија Опен 2025 година.

Мечот траеше 3 часа и 35 минути.

Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ имаше 5 асови, 3 двојни грешки и 7 конвертирани брејк топки од 11. Шпанецот направи 5 двојни грешки и реализира 7 брејк топки од 13.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со Германецот Александар Зверев.

Грен слем турнирот во Мелбурн се игра за награден фонд од 59,9 милиони долари



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2025 22:48