Хрватскиот селектор Горан Иванишевиќ објави крај на соработката со казахстанската тенисерка Елена Рибакина.
Педесет и тригодишниот тениски стручњак му се приклучи на тимот на Рибакина во декември.
-По пробниот период кој заврши со Австралија опен, на Елена и на нејзиниот тим им посакувам многу среќа во иднина, напиша Иванишевиќ на социјалните мрежи.
Рибакина не успеа да се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен во 2025 година. Таа во четвртото коло загуби од Американката Медисон Кис (3:6, 6:1, 3:6).
Во моментов 25-годишната тенисерка е на 7. место на ВТА ранг-листата