Арина Сабаленка го доби својот 19. меч по ред на Австралија Опен.

Белоруската тенисерка се пласираше во полуфиналето победувајќи ја Анастасија Пављученкова (6:2, 2:6, 6:3).

Сабаленка е шампионка на претходните две изданија на Грен слемот во Мелбурн.

Таа е прва по Мартина Хингис која има ваква победничка серија на Австралија Опен за жени. Швајцарката победи на 27 последователни натпревари во Мелбурн помеѓу 1997 и 2000 година (титули 1997-1999 и финалето 2000 година).



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2025 21:13