Под мотото „Остануваме дома- правиме забава“ над 50 диџеи и музички продуценти во грчкиот регион Пиерија вчера организираа балкон забава, со 40 –минутен сет што се слушаше во Катерини, Лариса, Литохоро, Неи Пори и останатите градови од областа, но и на локалните радио станици, јави дописничката на МИА од Атина.

Идејата за забавата е на Василис Кондокостас, диџеј од Катерини, кој за грчките медиуми вели дека инспирацијата дошла од Италија и италијанските диџеи, а на неговиот повик првично позитивно одговориле само неколку негови колеги, за подоцна листата да достигне до над 50.

Балкон забавата започна во 18.30 часот, а сите оние кои немаа диџеј во нивната населба, можеа музиката да ја слушаат преку локалните радио.

Сите диџеи, 40 минути пуштаа иста музика, за да го подигнат расположението на нивните сограѓани и да ја испратат пораката да останат дома.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2020 18:04